35
Откако синоќа беше изгаснат, денеска повторно е активен пожарот над кичевското село Зајас, рече попладнево директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов.
„Таму трет ден е активен пожарот, иако денес беше мирно, сега пак е активен повторно. Горат млади борови. Тука гаснат пожарникари од Кичево и 30 припадници на Армијата. Нема услови за гаснење од воздух, оти не спаѓа во тешките и приоритетни пожари оти е пристапен за гаснење од земја“, вели Ангелов.
Ангелов утринава апелираше до граѓаните да го пријавувуваат секое сомнително движење ако забележат потпалувачи, а ако им е страв лично да се јават, нека кажат на некој комшија, полицаец, вработен во ЦУК.