156 санкционирани возачи во Скопје: 15 за минување на црвено

од Radmila Tasevska
132 прегледи

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (01.02.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 156 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина седум санкции, 12 мерки за возење без возачка дозвола, 15 санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло).

Изречени се четири мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, седум санкции за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла) …

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Слични содржини