(ВИДЕО) Фановите во редици чекаат за да го купат дресот на Дончиќ

од Milan1
25 прегледи

Лука Дончиќ со доаѓањето во редовите на Лос Анџелес Лејкерс предизвика вистинска еуфорија помеѓу навивачите на славниот клуб.

Словенечкиот кошаркар го избра дресот со број 77, а откако беше претставен започна вистинска „лудница“ за неговиот дрес и во продавниците можат да се видат огромни редици.

Очекувањата се дресот на Дончиќ да биде помеѓу најпродаваните во НБА лигата за оваа сезона. Дебито во новиот клуб Дончиќ би требало да го има во ноќта помеѓу понеделник и вторник кога Лејкерс ќе играат против Јута.

ФОТО: ИНСТАГРАМ

Слични содржини