16 лица затруени од храна во два скопски ресторани

од desk3
148 прегледи

Вкупно 16 лица се затруле од храна во два скопски ресторани.Станува збор за ресторан во скопскиот трговски центар Лептокарија во Карпош и еден ресторан во скопската општина Чучер Сандево. Од инспекторатот велат дека до комплетирањето на истрагата рестораните остануваат затворени.

download

Врз  основа на добиено известување од Центарот за јавно здравје дека на Клиниката за инфективни болести во текот на викендов се примени неколку лица со симптоми на труење, инспектори за храна од Агенцијата за храна и ветеринарство, во соработка со санитарната инспекција, во саботата извршија инспекциска контрола во угостителските објекти“, преку соопштение информираа од Агенцијата.

За утврдување на причините на труењето во овие два објекта, од страна на инспекциските служби земени се и мостри од храната која се послужувала, брисеви од работните површини во угостителските објекти за лабораториско испитување.