16 жртви од автобуската несреќа се од општина Чаир, вели Ганиу

од Nikola Popovski
323 прегледи

Градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу вечерва информираше дека има 16 жители на оваа општина, кои загинале во трагичната автобуска несреќа на автопатот „Струма“ во Бугарија.

-Бев во контакт со роднините кои беа погодени од оваа трагедија. Со документи ги идентификувавме. Според адреса во пасошот, 16 се од Чаир. Но бројката е поголема, затоа што имаме сограѓани кои живеат во Чаир, а имаат адреси во Гази Баба, Студеничани и други општини, рече Ганиу.

Тој потенцира дека за утре во 10 часот општината закажала седница во врска со трагичната несреќа во Бугарија, на која ќе се дискутира за правните начини за да се помогнат на настраданите семејства.

-Изразувам длабоко сочувство до семејствата на луѓето кои ги загубија животите во оваа трагична несреќа и посакувам оздравување на повредените во несреќата, додаде Ганиу.

Слични содржини