Остар одговор за САД од специјалната известувачка за Палестина: Стојам на страната на правдата

од desk2
4 прегледи

Франческа Албанезе, специјалната известувачка на ОН за Палестина се огласи откако САД воведоа санкции против неа поради нејзиното постојано предупредување за злосторства што израелските сили ги вршат на палестинските територии.

Албанезе не е загрижена од американските санкции, туку, како што вели, е концентрирана на продолжување на нејзината работа.

„Немам коментар за техниките за заплашување во мафијашки стил. Зафатена сум со потсетување на државите членки на нивните обврски да спречат и да казнат геноцид. И оние што од него профитираат“, рекла Албанезе за „Ал Џазира“.

Специјалната известувачка на ОН за Палестина нагласува дека доаѓа од земја основачка на судот – Италија – со традиција на славни правни научници, талентирани адвокати и храбри судии „што ја бранеле правдата по висока цена, а често и со сопствениот живот“.

САД воведува санкции за специјалната известувачка на ОН за Палестина

Слични содржини