Според соопштението на компанијата, распоредувањето на сателитите е планирано за последното тримесечје од 2027 година. Мрежата TeraWave е дизајнирана да овозможи брзини на пренос на податоци до шест терабити во секунда, насекаде во светот, што значително ги надминува стандардите на комерцијалните интернет-услуги.
Од Blue Origin наведуваат дека мрежата ќе може да опслужува до 100.000 корисници и ќе претставува клучна инфраструктура за големи владини и корпоративни проекти, особено во областа на обработка на податоци за вештачка интелигенција. Проектот доаѓа во време кога глобалната побарувачка за AI-системи бара сè поголеми ресурси, енергија и побрзи комуникациски решенија.
TeraWave не е единствената вселенска мрежа поврзана со Безос. Во рана фаза на развој е и друга констелација Leo, која треба да опфати околу 3.200 сателити наменети за обезбедување интернет-услуги за корисници и компании.
На пазарот во моментов доминира SpaceX на Илон Маск, чија мрежа Starlink веќе има околу 10.000 активни сателити во ниска Земјина орбита. Овој тип констелации овозможува побрз и посигурен пренос на податоци, што ги прави сè поатрактивни за идната глобална дигитална инфраструктура.