17 ноември е денот за неверства

од Vladimir Zorba
75 прегледи

Утрешниот ден ќе биде малку посебен за сите што имаат партнери. 
На 17 ноември секој треба многу внимателно да го следи партнерот, бидејќи во овој ден е најверојатно тие да бидат изневерени, пишува  “Метро”.

Според истражувањето на сајтот за вонбрачни состанувања Illicitencounters.com, 80 проценти од испитаниците планирале да скршнат од вистинскиот пат токму на 17-ти. Истражувањето опфати 500 веб-администратори, корисници на сајтови.

Оваа недела е особено корисна за неверниците. Веќе во понеделник и вторник, на дејтинг сајтот се зголемил сообраќајот за 41 отсто. Огромниот скок се очекува во текот на целата недела, со врв во петокот, 17 ноември.

Сега е најсоодветно време за вонбрачни авантури, бидејќи потоа доаѓа божиќно-новогодишната сезона кога семејните обврски се зголемуваат експоненцијално и едноставно нема време за незабележани авантури надвор од бракот.

Празничната сезона е неповолна за сите кои имаат љубовници.