171 санкционирани возачи во Скопје, 59 за брзо возење

од Vladimir Zorba
386 прегледи

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (11.03.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, соопштија оттаму.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 171 меркa, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 59 санкции, 14 санкции за возење под дејство на алкохол, осум мерки за возење без возачка дозвола.

Изречени се седум мерки за користење мобилен телефон, две санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), 49 за непрописно паркирање…