148
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (01.02.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 172 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина шест санкции, 13 мерки за возење без возачка дозвола, 11 санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло).
Изречени се девет мерки за користење мобилен телефон при возење, шест санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, четири мерки за непочитување на првенство на минување.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.