179 санкционирани возачи во Скопје

од Берта Китинска
369 прегледи

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 166 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 15 санкции, 44 мерки за прекршоци што ги прават возачи на моторцикли, 16 мерки за возење без возачка дозвола, пет мерки за прекршоци што ги чинат пешаците.

Изречени се 16 мерки за возач почетник, 10 мерки за користење на мобилен телефон, девет санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло…

Засилените акциски контроли продолжуваат.

Слични содржини