Познат факт: Страста се намалува со времето, без разлика колку вљубени сте биле на почетокот! А сепак, тоа не значи дека настапите во спалната треба да се претворат во рутина и досада. Дури и да не чувствувате желба да си ја кинете облеката, како првите пати, не очајувајте и не престанувајте да работите, за да останете во хемијата и желбата за интимност.Како да познаете дали сте досадни на партнерот во кревет? Следете ги следните 5 знаци и брзо преземајте мерки, за да не си најде друг:

1. Таа постојано си легнува во различно време од вас
Можеби не и ‘се гледа следната епизода на “Игра на престоли”, но ако тенденциозно оди во кревет пред или после вас и брзо заспива (или се прави дека спие), таа е дефинитивно избегнува интимност.
Што да направите: раздвижете ги работите со малку секстинг во текот на денот. Соблазнете ја со зборови и романтични гестови.
2. Таа држи само на една поза
И најлошо е што ова е вашата омилена поза во која завршувате брзо. Очигледно целта и е да си ка “одтргне обврската” и да турне побрзо од себе.
Што да направите: Како за почеток додадете некој елемент кој ќе и ‘достави повеќе задоволство дури и за време на оваа една поза. Вметнете некоја играчка во акција или стимулирајте го клиторисот и сетилата дополнително со прсти и усни.
3. Одбива оргазам?
Вие и нудите да ја задоволите со орални бакнежи, а таа одбива. Дали е можно? Штом е подготвена да се лиши од задоволство, тогаш ситуацијата е многу сериозна.
Што да направите: Веројатно таа мисли дека сакате да и предизвикате оргазам за да го кренете сопственото его. Докажете и дека го правите тоа само за неа. Ако откаже наутро повторно пробајте, но надвор од спалната соба. Покажете љубопитност во врска со сексуалните желби.
4. Прашува: “Се сврши ли?”
Во превод тоа значи: “Ајде, сврши, неможам веќе”. Лошата вест е дека по овие узречици веројатно ќе ви е уште потешко да кулминирате.
Што да направите: Ако сте далеку од оргазмот, фокусирајте се на тоа да ја возбудите. Покажете и дека целосно сте фокусирани на неа – галете ја, гледајте ја во очите, бакнувајте ја по телото и усните . Нека разбере дека сексот не е само некаква вежба, а вие сакате таа да чувствува задоволство.
5. Таа не сака да се соблекува
Понекогаш е доста секси жената да остави некоја облека / долна облека по себе за време на секс. Но ако таа постојано одбива дури и да си тргне маичка, туку само го крева здолништето или ги соблекува панталоните без да го собува, значи дека сака да го надмине максимално брзо сексот.
Што да направите: Насочете ја. Барајте и да ги тргне бавно облека, пуштете секси музика. Направете да се потруди. Првично може и да се повлекува, но во процесот на предигра и нејзината возбуда ќе се зголеми.