284
МВР информира дека 18-годишен кумановчанeц е уапсен затоа што насилно се однесувал кон неговата мајка.
-Утрово во 00.30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го привеле Д.Ј.(18) од Куманово, затоа што претходно во домот агресивно се однесувал кон неговата мајка и оштетил дел од покуќнината. Исто така, при преглед кај него бил пронајден и одземен нож, велат од полицијата.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.