180 илјади граѓани чекаат термин, Филипче: „Имунизацијата нема да запре“

од Берта Китинска
160 прегледи

Министерот за здравство Венко Филипче вели дека имунизацијата нема да запре бидејќи во месецов се очекуваат во земјава да пристигнат нови количини вакцини.

-Во јуни треба да пристигнат околу 110 илјади Фајзер вакцини преку Ковакс системот и околу 80 илјади преку нашиот директен договор. Во овој момент се пријавени 180 илјади граѓани кои чекаат да добијат термин, а 40 илјади се над 60 години, вели Филипче.

Во гостувањето на ТВ Телма, Филипче кажа дека она што се очекува, според последните најави, е од вакцината „Синовак” која што денеска ја одобри Светската здравствена организација, во нашата земја да стигнат 500 илјади дози.

Во земјава се очекува да пристигнат донација на вакцини од Грција и Бугарија.

Слични содржини