185 санкционирани возачи во Скопје, 81 за брзо возење

од Берта Китинска
365 прегледи

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (13.03.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 185 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 81 санкција, 32 мерки за возење под дејство на алкохол, 13 санкции за возење без возачка дозвола.

Изречени се пет мерки за користење мобилен телефон, седум санкции за возач почетник, пет мерки за нерегистрирани возила.. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, нагласуваат од МВР.

Слични содржини