19-годишен Австралиец доби 50 пенали во еден ден

од Vladimir Zorba
304 прегледи

Австралискиот тинејџер Марселус Отеро (19) беше уапсен во Сиднеј на 12 декември, откако за време на улична трка го урна својот сребрен Субару БРЗ.

По несреќата, полицијата му го одземала автомобилот и ја пронашла GoPro камерата со која го снимал возењето. По прегледувањето на снимките, полицијата откри најмалку 48 одделни прекршоци извршени на улиците во Сиднеј во ноември и декември 2023 година.

Како што пренесува Јутарњи, Отеро меѓу другото е обвинет за возење со неважечка возачка дозвола, невнимателно и бесно возење, палење гуми, како и пречекорување на дозволената брзина за повеќе од 45 км/ч.

Отеро им рече на новинарите надвор од судот дека ќе се изјасни за виновен за некои од обвиненијата, но не за сите.

„Морам да престанам да возам како идиот, благодарен сум што не удрив или сериозно повредив никого“, изјави обвинетиот тинејџер.

Слични содржини