196
Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ” бр.21/98 и 18/07), 19 јануари 2024 година (петок), Богојавление (Водици), е неработен ден за граѓаните од православната вероисповед во Република Северна Македонија.
Истовремено, Министерството за труд и социјална политика им го честита празникот Богојавление (Водици) на граѓаните од православната вероисповед.