Стотици луѓе денеска маршираа до грчкиот конзулат во Истанбул во знак на протест поради смртта на 19 мигранти во близина на грчко-турската граница.
Турските власти соопштија дека мигрантите замрзнале претходно оваа недела откако грчките граничари илегално ги вратиле преку границата, но официјална Атина жестоко ги отфрли овие наводи.
На демонстрациите, организирани од турски хуманитарни групи, околу 300 демонстранти маршираа до конзулатот во близина на една од главните трговски улици во Истанбул зад транспарент на кој пишуваше „Затворете ги границите на расизмот, отворете ги за човештвото“.