На денешен ден  1 јуни

My-Week-with-Marilyn-Wallpaper-02

1804.- Во Новоспаско, кај Смоленск, е роден Михаил Ивановиќ Глинка, руски композитор и еден од основачите на националниот музички стил во Русија. Со своите композиции го прослави рускиот музички стил во целиот свет. Тој ја компонираше првата руска национална опера “Иван Сусанин”, како и операта “Руслан и Људмила”. Компонираше оркестарски дела, камерна музика, романси и друго. Умре во Берлин, на 15.2. 1857 година.

1876.- Во борбата против турската војска загина Христо Ботев, бугарски револуционер, поет и публицист. Пропагираше јужнословенско единство и социјалистички идеи. Неговата поезија е борбена, социјално бунтовна, но секогаш уметнички вредна. Песните “Борба”, “Ѓурѓовден” , “Хаџи Димитар” содржат трајни универзални пораки со слободарско-бунтовнички карактер. Роден е на 6.1.1849 година.

1880.- Во САД е поставена прва јавна телефонска говорница во светот, во зградата на “Јејл банката” во Њу Хевен.

1926.- Во Лос Анџелес е родена Норма Џин (Мерилин Монро), американска филмска артистка. Играше во филмовите “Џунгла на асфалтот”, “Нијагара”, “Автобуска станица” и “Седум години верност”. Умре на 5.08.1962 година.

1941.- Германците го освоија Крит и заробија 13.000 британски војници со што обезбедија важна база во Втората светска војна за операции на Блискиот Исток и во Северна Африка.

1943.- Врз основа на известувањето на германските шпиони во Мадрид, германски ловци соборија еден британски патнички авион, сметајќи дека во него се наоѓа британскиот премиер Винстон Черчил. Во злосторничкиот напад загинаа сите патници, меѓу кои и познатиот филмски артист Лесли Хауард.

1945.- Стапи во сила одлуката на Владата на ДФ Македонија од 19 мај 1945 за формирање на Македонски федерален статистички уред. на 1 јуни 1995 година е донесена одлука со која 1 јуни се прогласува за Ден на статистичарите на Македонија.

1947.- Започна мелиорацијата на Струмичкото Поле, односно прокопувањето на каналот за исушување на Моноспитовското блато.

1953.- Во Женева е основана Европската организација за нуклеарни истражувања.

1968.- Умре Хелен Келер, американска писателка и преведувач. Слепа и глувонема од втората година на животот, со одличен успех завршува филозофски студии и стана истакнат јавен работник на полето на општествената реформа . Напиша повеќе автобиографски дела , меѓу кои “Историја на мојот живот” и ” Светот во кој живеам”. Родена е во 1880 година.

1974.- Умре Хуан Перон, аргентински политичар и државник. Роден е во 1895 година.

1992.- Во Скопје е поставен камен – темелникот на Домот – музеј на народна музика, објект што на Македонија и го подарија македонските естрадни уметници Есма и Стево Теодосиевски. Свечено е пуштен во употреба во мај 1996 година.

1994.- Во Скопје е поставен камен темелник на Институтот за применета кинезиологија и рехабилитација.

1994.- Јужна Африка по 33 години се врати во Британскиот комонвелт.

1994.- Армандо Калдерон Сол стана прв претседател на Ел Салвадор по завршувањето на граѓанската војна која повеќе децении траела во оваа држава.

1996.- Украина, со одлука на претседателот Леонид Кучма и Националниот парламент стана земја без нуклеарно оружје, префрлувајќи ги во Русија последните ракети со нуклеарни глави.

2000.- Во Њујорк умре Тито Пуенте, латинскоамерикански слеп музичар. Роден е во 1923 година.

2005.- Холандските гласачи на референдум го отфрлија Предлог-уставот на Европската унија.

Избор МИА

 

Слични содржини