233
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (05.05) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територијата на град Скопје изречени се вкупно 195 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 25 санкции, 19 за возење повеќе од дозволената брзина, шест за технички неисправни и нерегистрирани возила.
Изречени се 15 санкции за користење мобилен телефон, осум за некористење сигурносен појас, седум прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли и 57 за непрописно паркирани возила.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.