2 000 мигранти чекаат депортација од Германија, најверојатно ќе се враќаат преку Македонија

од desk3
122 прегледи

Секој ден Германија враќа на границата од 100 до 200 мигранти. Од почетокот на 2016 година, бројот на мигрантите, на кои не им е дозволено да влезат на германска територија, достигна 2.000 лица. Ова го соопшти министерот за внатрешни работи Томас де Мезиер за весникот “Билд ам Зонтаг”.

migrant

“Ние во Германија нудиме безбедност и заштита на луѓето кои бегаат од војна и прогони. Но, тоа исто така значи дека оние кои не бараат таква заштита, ќе им биде одбиено преминување на границата “, изјави Мезиер.

Според податоците на германското Министерство за внатрешни работи полицијата регистрира секодневно во просек по околу 3.500 мигранти. Значи има можност уште на границата да се разгледуваат сите барања за бегалски статус, истакна министерот. Змејите прку кои доаѓаат се од балканот, а депоратцијата наназад би била во претходно поминатите земји како Србија,Македонија и Грција…