2 милиони бегалци ја плашат Германија во 2016 година, мнозиството треба да поминат преку Македонија

од desk3
137 прегледи

Бројот на бегалците кои ќе дојдат во Германија во 2016 година, може да биде речиси двојно повеќе во однос на податоците од минатата година, предвидува премиерот на Долна Саксонија Штефан Вејл.

бегалци гевг

“Ако работите продолжат такви какви што се сега, оваа година кај нас ќе дојдат над 2 милиони бегалци”, рече тој, цитиран од ДПА и БГНЕС.

Според полицијата во последните денови приливот на имигранти во Германија благо е намален. Во саботата и неделата на австриско-германскиот граничен премин се регистрирани 5200 лица. Во понеделникот и вторникот бројот на бегалците не е надминувајте 1700 лица. Приближно ист број пристигна секој ден минатата недела.

(ВИДЕО/ФОТО) 30 мртви во крвавиот пир во универзитетот во Пакистан, талибанците демантираат дека се тие извршителите

Во 2015 година во Германија се регистрирани 1,1 милиони баратели на азил. Мнозинството бегалци се дојдени преку Грција и Македонија.