20.000 денари за семејствата со лице со попреченост, најави Костадинов

од Nikola Popovski
279 прегледи

Градоначалникот на општина Валандово, Перо Костадинов најави дека се воведува нова еднократна парична помош во висина од 20.000 денари, за семејствата со лице со попреченост од општина Валандово.

-Мерката ќе започне со реализација во тековната 2022 година и право на користење на истата ќе имаат сите семејства во кои има лице со попреченост.

Покрај ова мерка, општина Валандово претходниот период воведе и еднократна парична помош за првачиња; социјално загрозени граѓани; новороденчиња.

Додека пак за наредниот период, планирана е и мерка која ќе ги подджи самохраните родители од општината. Развојот на заедницата може да се обезбеди единствено преку целосна инклузија, силна емпатија и безусловна солидарност, како основни човекови вредности, соопшти Костадинов.

Слични содржини