МАКСИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ
20 Гевгелија, 19 Скопје, Д. Капија, 18 Струмица, Штип, 17 Тетово, Виница, 16 Кр. Паланка, Берово, 15 Битола, Прилеп, Пожаране, 14 Ѓуриште, Охрид, Претор, Тополчани, 13 Лазарополе, 9 Маврово.

ВРЕМЕТО ДЕНЕС
Под влијание на стабилна и сува воздушна маса насекаде во земјава преовладуваше сончево и топло време со слаб северен ветер, кој повеќе беше изразен на повисоките места и планините.
ВРЕМЕТО ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ
Претежно сончево и топло со слаб до умерен северен ветер кој повеќе е изразен на повисоките места и планините. Во текот на ноќта времето ќе биде ведро и свежо со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер од северен правец.
ВРЕМЕТО УТРЕ
Сончево и потопло со слаб до умерен ветер од северен правец. Утринските температури на некоиместа ќе бидат негативни и ќе се движат од -3 до 3, а дневната највисока температура на воздухот ќе биде во пораст и во интервалот од 17 до 22 степена.
Скопје Сончево и потопло со слаб до умерен ветер од северен правец. Температурите од -1 до 20 степени.
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ
Во четврток ќе дува умерен до засилен северен ветер, а облачноста постепено ќе се зголемува. Во петок во југосточните делови ќе има слаб дожд. За време на викендот ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност.