Јубилејот 20 години од премиерата на „Прашина“ на Милчо Манчевски на отворањето на Венецискиот фестивал во 2001, ќе се одбележи со презентација на филмот на три угледни платформи на денот од годишнината, недела, 29 август: Македонската радио телевизија ќе го емитува во 23 часот; во 20 часот ќе биде прикажан под отворено небо во дворот на Кинотека; а на фан страницата на Манчевски на Фејсбук (https://www.facebook.com/Milcho.Manchevski ) ќе биде поставен линк за бесплатен стриминг на филмот.
Билетот во Кинотека чини 100 денари, а секој посетител ќе добие подарок пакет од три ДВД-еа со филмови во режија на Милчо Манчевски – „Пред дождот“, „Прашина“ и „Сенки“. Како вовед во емитувањето на МТВ, поместен е кус видео есеј од директорот на Кинотеката, Владимир Ангелов.