329
Зачестија нападите врз контролори во автобусите на ЈСП Скопје. Од МВР соопштуваат дека најновиот инцидент се случил во „22-ка“.
–Вчера во 21.55 часот Ф.И.(30) од Скопје пријавил дека околу 21.30 часот, додека вршел контрола на билети во автобус бр.22 на ул.„Димитрија Чуповски“, бил физички нападнат од едно лице, соопштува полицијата.
Додаваат дека на Б.Р.(20) од Скопје му бил сочинет записник за констатиран прекршок по чл.12 од ЗППЈРМ.