20 ирски поговорки

од Vladimir Zorba
101 прегледи

Ирска – земјиштето на зелени полјани, детелина, величествени планина, на благо смраченото небо. Како и секој друг народ, така и ирскиот, ги собира со векови своите мудрости. Споделуваме некои од нив, како и кадри откривајќи ја убавината на Ирска. 
Радосната смеа и здравиот сон, ќе ја излечат секоја болест.

Има само три вида мажи кои не ги разбираат жените – младите, старите и на средна возраст.

Никогаш не се фалете за големината на вашиот паричник, за убавината на жената или за вкусот на пивото.

Три работи кои никогаш не треба да ги правите – да фрлите камен во водата, да давате совети на лута жена или да разговарате со будала.

Пред да се ожените, отворете ги широко очите. По свадбата затворете ги.

Ако вискито не може да се излечи болеста, тогаш немате шанса.

Никогаш не се повлекуваме. Само напредуваме во различни правци.

Подобро е да се вратите од средината на реката кон местото каде што сте почнале отколку да потонете и да се удавите.

Жените може да се справат дури и со ѓаволот.

Кога Бог го создаде времето, тој создаде доволно од него.

Можете да познаете колку заработува еден маж не по неговите алишта, туку оние на жена му.

Љубов на прв поглед, често се случува во полумрак.

Споделувајте љубов со сопругата, а тајните со мајка си.

Ако ја сакаш дури кога таа е облечена во партали, тогаш љубовта ќе трае до крајот на твојот живот.

Подобро е да бидеш страшливец за миг, отколку да бидеш таков до својата смрт.

Секој човек е пријателски поставен додека кравата не му влезе во градината.

Се жалев дека немам чевли додека не сретнав човек кој немаше нозе.

Заборавањето на долгот не значи дека е платен.

Малиот оган кој затоплува, е подобар од оган што гори.

Нема потреба да се плашите од ветрот, ако вашите купови сено се добро врзани.

Фотографии од прекрасната Ирска можете да погледнете во галеријата.