Експлозијата настанала во ресторан, кој се наоѓа на приземје во зграда, која е туристичка атракција во крајбрежната зона на градот.
Во моментот состојбата по експлозијата е надмината, а повеќето туристи во тој момент спиеле во своите соби , пренесе РИА Новости.
Како што јави агенцијата Ина, повредени се меѓу 20 и 30 лица, од кои пет потешко.
Настраданите се со различни повреди. По првичните информации се само дека има луѓе и со сериозни повреди.
Сите туристи, работници кои живеат во областа на експлозијата биле евакуирани. Во гаснењето на пожарот се вклучиле и волонтери. Властите во градот работат за утврдување на причината за експлозијата.
Велипојa е eдно од омилените туристички дестинации за жителите на северот на Албанија.