20 супервулкани може да се појават, а милиони да згаснат

од desk3
149 прегледи

Експертите на НАСА сметаат дека ерупцијата на супервулкан ќе доведе до повеќе ужасни последици од падот на астероид, соопштува “Индипендент”. Експертите сметаат дека до моментов има околу 20 супервулкана на Земјата, кои можат да се разбудат секој момент. Во исто време тие забележуваат дека ерупцијата на таков вулкан ќе доведе до “вулканска зима”, како резултат на што милиони луѓе можат да загинат.

Како најопасниот меѓу сите супер вулкани научниците одредуваат дека е вулканот во Јелоустоун, во американската држава Вајоминг. Калдера (вулканска формација добиена при пад на кратерот внатре во самиот вулкан), е вулкан со димензии 55 на 72 километри. Сега експертите од НАСА разработуваат план за спречување на ерупцијата на овој вулкан. Како опција може да бидезголемување на обемот на водата за “ладење” на вулканот.