2016 ќе потрае една секунда повеќе

од Vladimir Zorba
70 прегледи

Оваа 2016 година нема да си отиде толку лесно како што сите се надеваат. Последната минута од последниот час на последниот ден од декември ќе биде подолга со цела секунда, за да може на тој начин часовниците да влезат во такт со ротацијата на Земјата.

“Оваа дополнителна секунда, или” престапна “секунда, го прави можно подесувањето на астрономското време што е неправилно и се определува од ротацијата на Земјата, со координирано Универзално време (UTC), што е исклучително стабилно и се определува од атомски часовници од 1967 г . наваму “, соопштија од Париската астрономска опсерваторија.

Таа е дом на Меѓународната служба за ротација на Земјата и референтни системи (IERS), која е задолжена за синхронизација на времето. Според сајтот на IERS часовниците кои покажуваат точно време ќе треба да го покажат следниот датум 2016 година, 31 декември, 23 часот. 59 мин. 59 сек. два пати пред да преминат на 2017 година, 1 јануари, 0 часот. 0 мин. 0 сек.

Промената е потребна, бидејќи ротацијата на планетата не е рамномерна и понекогаш забавува или забрзува, но генерално станува побавна.