21 година од смртта на Борис Трајковски и осумчлената делегација

од Nikola Popovski
85 прегледи

Македонија денеска одбележува 21 година од авионската несреќа во која животот го загуби поранешниот претседател, Борис Трајковски, членовите на неговиот кабинет и екипажот на авионот. Членови на семејствата, државни и други делегации ќе положат цвеќе на гробот на Трајковски на Градските гробишта Бутел во Скопје и на спомен-обележјата во Ротимље, близу Мостар (БиХ) и во Струмица.

Претседателскиот авион „Кингер“ со кој претседателот требаше да стигне во Босна и Херцеговина за да присуствува на економска конференција, се урна на 15-километри јужно од Мостар, на 26-ти февруари во 2004 година.

Покрај Трајковски, во несреќата загинаа и портпаролот Димка Илкова Бошковиќ, советниците Ристо Блажевски и Анита Лозановска, претставникот на Министерството за внатрешни работи Миле Крстевски, телохранителите Аце Божиновски и Борис Велиновски, како и Марко Марковски и Бранко Ивановски, пилот и копилот на авионот.

Според резултатите од првата истрага, причина за несреќата беа „процедурални грешки на пилотите во фазата на слетување на мостарскиот аеродром“. На барање на македонските власти, по собирањето на дополнителните докази од страна на македонското МВР, беше отворена нова истрага во јануари 2013 година, што ја водеше меѓународен тим предводен од Омер Кулиќ. И во нивниот извештај како клучни причини за несреќата беа наведени грешки на екипажот и системски пропусти.

Трајковски за претседател на Република Македонија беше избран во 1999 година. Должноста шеф на државата ја извршуваше до 26 февруари 2004 година кога загина во авионска несреќа во близина на Мостар.

Слични содржини