212 санкции за брзо возење

од Vladimir Zorba
293 прегледи

Во текот на вчерашниот ден (15.04.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 212 возачи.

Од нив 17 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а четири возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволеното.

Притоа, 136 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 76 надвор од населено место.