22-годишна трудница почина од коронавирус

од Vladimir Zorba
295 прегледи

Министерството за здравство денеска информираше дека меѓу починатите 28 лица во изминативе 24 часа, најмладиот меѓу нив е 22-годишен пациент.

Се работи за трудница која, според неофицијални информации, немала коморбидитети.

Таа првично била хоспитализирана на Клиниката за гинекологија и акушерство поради компликации во бременоста, а на 26-ти ноември била префрлена во ГОБ „8-ми септември“.

Од тој момент цело време била на респиратор.