22 имиња се во игра за кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на државата

од Nikola Popovski
327 прегледи

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска порача дека партијата нема проблем со никого да седнат на маса и да разговараат. Вели дека ВМРО-ДПМНЕ е демохристијанска партија и подава рака секому, но „за криминалците во политиката, помирување ќе има тогаш откако најпрвин ќе се соочат со криминалот и се тоа што го направија“.

-Дури потоа ќе можеме да седнеме и да разговараме за било какви помирувања, рече Мицкоски запрашан дали е можно помирување со СДСМ.

Претседателот на најголемата опозициска партија истакна и дека официјалната постапка за кандидат за шеф на државата ќе почне во почетокот на февруари. Тој очекува првата половина на април да се случат редовните претседателски избори.

-Мериме многу имиња. Многумина изразија своја желба да бидат поддржани од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Десетици имаше такви, а 22 имиња се искристализираа во таа постапка за мерење. Тој список ќе биде намален во периодот што следи и очекуваме да имаме претстава кој ќе биде кандидатот. Очекувам во првиот круг нашиот кандидат да има 100.000 гласови предност, кажа Мицкоски денеска од општина Ново Село.

Слични содржини