220 санкционирани возачи во Скопје, 76 за брзо возење

од Vladimir Zorba
154 прегледи

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (21.08.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 220 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 76 санкции, 46 мерки за возење без возачка дозвола, 20 за возење под дејство на алкохол.

Изречени се пет мерки за користење мобилен телефон, шест санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, 13 санкции за нерегистрирани возила, седум мерки за некористење сигурносен појас…

Слични содржини