
МАКСИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ
23 Гевгелија, Скопје Зајчев Рид, 22 Скопје Петровец, Штип, Д. Капија, Тетово, 21 Струмица, Виница, 20 Прилеп, Битола, 19 Кр. Паланка, Претор, 18 Охрид, Берово, Пожаране, Ѓуриште, Тополчани, 16 Лазарополе, 14 Маврово.
ВРЕМЕТО ДЕНЕС
Под влијание на стабилна и сува воздушна маса насекаде во земјава преовладуваше сончево и топло време, попладнево со мала до умерена локална облачност. Дуваше слаб ветер од јужен правец.
ВРЕМЕТО ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ
Сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер од јужен правец.Во текот на ноќта ведро и посвежо со мала облачност и со слаб ветер од јужен правец.
ВРЕМЕТО УТРЕ
Сончево и релативно топло со умерена облачност. Попладне ќе има локално зголемување на облачноста со краткотраен дожд, особено во планинските подрачја. Претпладне ќе дува слаб ветер од јужен правец, а попладне ветерот ќе се промени правецот во северен и ќе биде слаб до умерен. Т-мин. од -1 до 7 а дневната највисока температура на воздухот ќе биде во интервалот од 18 до 25 степени.
Скопје Сончево и релативно топло со умерена облачност, попладне облачноста повремено ќе се зголемува.Претпладне ќе дува слаб југоисточен а попладне северен ветер. Температурите од 4 до 23 степени.
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ
Во наредните денови ќе преовладува умерено облачно време со сончеви периоди, а во попладневните часови облачноста ќе се зголемува. Во среда попладне услови за дожд ќе има повеќе во јужните делови од земјава, ќе дува и умерен северен ветер.