23 лица уапсени во Турција за поврзаност со ФЕТО

од Vladimir Zorba
110 прегледи

Турската полиција спроведува уште една голема операција за апсење лица осомничени за поврзаност со терористичката организација ФЕТО, а од 44 лица по потерница, 23 осомничени се лишени од слобода, пренесува Анадолија.

Врз основа на истрагата за инфилтрирани елементи на терористичката организација ФЕТО во рамките на турските вооружени сили, Обвинителството во Истанбул издаде налог за апсење на вкупно 44 осомничени.

Осомничените користеле тајни и паралелни системи за комуникација „ByLock“ во рамките на турската војска.

Постапувајќи по наредба на обвинителството, турската полиција започна истовремени акции на приведување во 17 големи градови на таа земја на 11 септември, а досега 23 осомничени се лишени од слобода.

Тие се предадени на надлежните судски институции за понатамошна обработка, а полициската потрага по останатите 21 осомничен е во тек.

Кривичната постапка против притворените е завршена и тие денес се предадени на надлежниот суд заради наредба за притвор или други мерки.

Слични содржини