23.октомври – неработен за сите граѓани

од Nikola Popovski
29 прегледи

Во земјава во среда се одбележува 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, кој е прогласен за државен празник и неработен ден за сите граѓани.

-Согласно Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 23 октомври 2024 година (среда), Ден на Македонската Револуционерна Борба, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија. Министерството за социјална политика, демографија и млади на граѓаните на Република Македонија им го честита Денот на Македонската Револуционерна Борба, стои во соопштението од ресорното министерство.

На 23 октомври во 1893 година во Солун била основана Внатрешната Македонско-Одринска Револуционерна Организација (ВМОРО), со цел за извојување автономија на Македонија преку револуционерна борба.

Врвна точка на дејноста на ВМОРО е организирањето на Илинденското востание во 1903 година во Македонија и на Преображенското востание во Одринска Тракија.

Основите на Организацијата се поставени на 5 ноември 1893 година (23 октомври – според стариот календар) во куќата на книжарот Иван Хаџи Николов во Солун. На основачкиот состанок присуствуваат: Д-р Христо Татарчев – лекар, родум од Ресен, Даме Груев – учител, родум од с. Смилево – Битолско, Петар Поп Арсов – учител, родум од с. Богомила – Велешко, Иван Хаџи Николов – книжар во Солун, родум од Кукуш, Антон Димитров – учител, родум од с. Ајватово – Солунско и Христо Батанџиев – учител, родум од с. Гуменџа, Ениџе Вардарско.

Слични содржини