24 ноември Ден на национална жалост во Бугарија

од Берта Китинска
225 прегледи

24 ноември ќе биде прогласен за ден на национална жалост. Ова го соопшти вицепремиерот Галаб Донев во Варна, информира Dariknews.bg.

Така ќе им се оддаде почит на жртвите од двете трагедии – пожарот во дом за стари лица во село Ројак и тешката автобуска несреќа на автопатот Струма.

Одлуката се очекува да ја соопшти Советот на министри. Денот на жалост ќе биде заеднички во Бугарија и Северна Македонија, најави Донев.

Владата на Република Северна Македонија прогласи тридневна жалост. Државните знамиња пред зградата на Владата се спуштени на половина.

Слични содржини