Лидерот Али Ахмети е под сериозен притисок од високи партиски функционери да ја раскине коалицијата со премиерот Никола Груевски, велат аналитичарите по последниот конгрес на партијата, на кој имаше жестока расправа токму околу ова прашање.

– На конгресот на ДУИ, во корелација и со последните случувања со објавувањето на бомбите на Заев и со сета таа содржина која се слуша таму е створен поголем проитисок врз раководството на ДУИ да се преиспита односот со коалицискиот партнер – вели Алберт Муслиу.

Но, според експертите, за секоја побитна одлука, раководството на ДУИ се координира со претставници на меѓународната заедница, а од таму дошле сигнали дека по евентуалното раскинување на владејачката коалиција, може да бидат испровоцирани меѓуетнички судири. Токму поради тоа, за тој процес е потребно време и внимателност. Но, оваа ситуација не може многу долго да трае поради се посилниот притисок од членството кое бара излегување од Владата, информира 24 Вести.

Слични содржини