Трите блока на РЕК Битола се надвор од употреба, информира 24 Вести. Во најголемиот термокапацитет во моментот не работи ниту еден блок.

Од државните електрани се уште нема никаков коментар. Според информациите до кои дојдовме, во моментов Македонија добива струја од хидроелектраните кои работат со полн капацитет и од интервентен увоз на струја.
Среќна околност во овие моменти е што временската состојба е добра, а потрошувачката на струја е помала од вообичаеното.
Според нашите информации, во моментот потребите за потрошувачката на струја се 800 MW, од нив 300 се обезбедуваат со интервентен увоз, а останатите 500 се производство од хидроелектраните.