Груевски нека каже зошто од позиција на премиер, хистерично се интересирал за сопственост на оф шор фирми од Белизе и Лугано, колав простор ќе добијат, како управители станале луѓе блиски до него. СДСМ ќе направи законски сите оф шор компании да бидат обврзани да ги соопштат вистинските сопственици- изјави портпаролот на СДСМ Петре Шилегов, кој одржа прес конференија на еден од плацевите за кој вели дека е на премиерот Никола Груевски.
Груевски не кажа, а има должност да им објасни на граѓаните, зошто од позиција на премиер, хистерично се интересира за сопственост на оф шор фирми од Белизе и Лугано? Што го интересирало Груевски каков и колкав простор ќе добијат овие фирми, па за тоа секојдневно го напнувал Јанакиески? Како може управители во овие фирми да бидат луѓе блиски на Никола Груевски, како неговиот кум, кој се уште се наоѓа на високи актуелни јавни позиции, или на пример бизнис партнер на неговата фамилија? Со кои и какви пари биле купени овие плацеви?-посочи Шилегов.
Тој истакна дека Груевски лажно го подготвувал членството во протест да ја крши Општина Центар, наводно за црква и затоа неговиот братучед Мијалков договарал нудење поткуп на советници, со цел да добијат мнозинство во Советот.