25-годишен пациент од Охрид, најмладата жртва на Ковид-19 во последните 24 часа

од Берта Китинска

Според деншнета статиситка најмладиот пациент кој починал по компликации од ковид 19 има 25 години и е од Охрид.

Пријавени се 32 починати лица: 11 починати лица од Скопје (81г, 79г, 74г, 73г, 69г, 67г, 67г, 66г, 60г, 50г и 42г), пет починати лица од Тетово (78г, 78г, 65г, 63г и 53г), четири починати лица од Гостивар (73г, 72г, 70г и 63г), тројца починати од Куманово (80г, 76г и 64г) , по две починати лица од Охрид (65г и 25г) и Струмица (70г и 69г) и по едно починато лице од Битола (70г), Штип (58г), Струга (81г), Кочани (64г), и Виница (47г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.182.940 тестирање на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 179.587, бројката на оздравени пациенти е 158.441, на починати е 6.045, а бројот на активни случаи изнесува 15.101.

Слични содржини