И покрај најавите дека од ноќеска на полноќ ќе запре железничкиот сообраќај, дел од железничкиот персонал кој не го подржува бојкот остана на своите работни места. Бојкот го подржуваат 90% од машиновозачите, односно од 150 луѓе, денеска работат само 15-тина.
Претседателот на независниот синдикат на машинскиот персонал, Чакаровски е повикан на разговор кај раководството и потоа ќе се знае одговорот на нивните барања за повисоки надоместоци и бенифициран стаж.
Машиновозачите штрајкуваа и пред месец и половина, но откако започнаа преговорите со новото раководство и министерот Јанакиевски, штрајкот беше запрен.
