26 години од усвојувањето на македонското знаме

од Nikola Popovski
361 прегледи

На 5 октомври 1995 година, во Собранието, со 110 гласови „за“ и еден воздржан, беше усвоено новото знаме на Македонија, кое се користи како официјално до ден-денешен.

Знамето има сонце со осум жолто-златни радијални зраци што се шират на сите страни и осум црвени зраци кои се поле на знамето.

Од центарот на црвената позадина се распространува златно сонце со осум сончеви краци, кои се простираат од сончевиот диск со проширување до рабовите на знамето.

Претходно, се користеше црвено знаме со сонцето од Кутлеш.

Идејниот дизајн е на новинарот Спасе Шуплиноски.

Ова знаме го користиме веќе 26 години, како симбол на нашата држава.

Слични содржини