Германските власти денеска уапсиле 26 годишен Алжирец поради сомнение дека извршил сексуален напад во Келн за време на новогодишната ноќ, јавува AP.

Алжирецот се сомнии дека пипкал една жена и и го украл мобилниот телефон.
Tој е првото лице кое е уапсено за ова сомнение. Обвинителството во Келн, соопшти дека неидентификуваниот барател на азил , за време на викендот бил уапсен во бегалскиот камп во градот Крепен.
Според портпаролот на Обвинителството Урлих Бремер, 497 жени пријавиле дека биле жртви на сексуалниот напад таа вечер, а биле пријавени три силувања.