184
Утринава дваесет и шестгодишно момче е пронајдено мртво во када во делчевското село Стамер.
Информацијата ја потврдија од СВР Штип, од каде информираа дека по насока на обвинител неговото тело без траги на насилство е предадено на обдукција.
Смртта кај дваесет и шестгодишникот ја констатирала екипа на Итната медицинска помош од Делчево која се упатила кон неговиот дом веднаш по добивањето повик од роднина на несреќното момче.