196
Министерството за здравство информира дека од коронавирус починати се 26 лица.
Билансот по градови во последните 24 часа изнесува: девет пациенти од Скопје (69, 58, 71, 60, 49, 74, 44, 66 и 89г), двајца од Куманово (60 и 46г), еден од Штип (61г), тројца од Прилеп (72, 88 и 63г), еден од Струга (69г), двајца од Велес (61 и 72г), двајца од Битола (52 и 75г), еден пациент од Охрид (84г), еден од Гостивар (54г), еден од Струмица (71г), еден од Берово (79г), еден од Делчево (66г) и еден пациент од Кичево (51г). Пациентите се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на починати од почетокот на пандемијата изнесува 2401 лице.