Попладнево во Кочани се одржа 27. „Марш за ангелите“. Денеска немаше официјална изјава од нив, што досега беше начин на комуникацијата на родителите на починатите со јавноста.
Десетина минути беше блокиран сообраќајот на улицата „Стево Теодосиевски“, кај двојниот мост на Кочанска Река.
Тие и денеска за трагедијата во „Пулс“ ги обвинија институциите, од кои бараат правда и праведно судење.