299 новозаразени со Ковид-19 во последното деноноќие

од Nikola Popovski
257 прегледи

Во последното деноноќие, од направени 2.628 тестирања, регистрирани се 299 нови случаи на Ковид-19, информира Министерството за здравство.

Според последниот извештај, во Скопје има 209, Куманово – 14, Гостивар и Кавадарци – по 10, Струмица – 9, Тетово – 8, Дебар – 7, Прилеп и Велес – по 5, Охрид и Кичево – по 4, Струга и Кратово – по 3, Битола и Радовиш – по 2, Штип, Кочани, Неготини и Берово – по 1.

Регистрирани сe 545 оздравени пациенти од: Скопје – 155, Тетово – 118, Гостивар – 113, Струмица – 29, Кичево – 26, Куманово – 19, Кавадарци, Велес и Свети Николе – по 9, Прилеп – 8, Битола и Валандово – по 7, Штип – 6, Берово и Гевгелија – по 5, Кочани и Ресен – по 4, Дебар, Радовиш, Крушево и Македонски Брод – по 2, Кратово, Неготино, Виница и Демир Хисар – по 1.

Досега во земјата се направени вкупно 1.152.327 тестирање на Ковид-19.

Слични содржини